Македонија
6. December 2016 - 8:55

НВО саем за волонтерство и активно граѓанство

Преку волонтерство до активно граѓанство  е  мотото на второто издание на Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на град Скопје, што ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар.

Саемот е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.

На саемот се предвидени презентации  на здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на град Скопје, но и надвор од Скопје кои дел од своите активности ги спроведуваат за бенефит на жителите на главниот град.

Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5 Декември - Меѓународниот ден на волонтерството.