НВО против номинацијата на Гинтер Ојтингер за еврокомесар за човечки ресурси
Неколку европски невладини организации испратија денеска отворено писмо до Европарламентот со повик да не ја прифати номинацијата на Гинтер Ојтингер за еврокомесар за човечки ресурси, а како причина се наведени неговите недолични изјави.
- Сметаме дека Ојтингер не е вистински избор за еврокомесар за човечки ресурси, пишуваат 10-те организации, меѓу кои се наоѓаат „Транспаренси интернешанал“ и „Оксфам“.
Тие наведуваат дека тој неколку пати давал „расистички, сексистички и хомофобски изјави“, додавајќи дека Гинтер Ојтингер „не вдахнува доволно доверба во однос на етичко и транспарентно однесување“.
НВО го повикаа Европскиот парламент да се спротивстави на неговото именување за еврокомесар за човечки ресурси, потенцирајќи дека „човекот кој ќе ја преземе оваа функција треба да служи за пример“.
Предвидено е Ојтингер да го преземе ресорот на Кристалина Георгиева, која поднесе оставка поради новата функција во Светска банка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација