Македонија
6. September 2017 - 16:40

НВО: Да се почитуваат правата на децата и лицата со посебни потреби во Законот за семејство

Државата да ги задржи еднаквите родителски права и обврски на родителите по развод, а во ситуација кога едниот родител не сака веќе да го користи правото да биде со детето, да не може да ги избегне обврските.

Од граѓанската иницијатива за заедничко родителство, наведувајќи го податокот дека годишно во нашата земја има над 2000 разводи, бараат итни измени во законот за семејство.    

Децата и лицата со посебни потреби воопшто не се дефинирани како категорија во законот за семејство, а не се дефинирани ниту обврските на нивните родители, велат од иницијативата за еднакви права на лицата со хендикеп.

Со поддршка на првата детската амбасада Меѓаши, иницијативите за заедничко родителство и за еднакви права на лицата со хендикеп потпишаа и меморандум за соработка, со кој се обврзаа дека заеднички ќе соработуваат во насока на измените во Законот за семејство.