Македонија
31. August 2015 - 16:49

Нуркачи трагаат по турски државјанин кој исчезна во Мавровското езеро

Нуркачи се обидуваат да најдат 63 годишен турски државјанин кој вчера попладне потонал при пливање во Мавровското езеро.

63 годишниот турски државјанин дошол со роднини од Скопје на излет покрај Мавровското езеро, на потегот помеѓу  Бунец и Леуново. До исчезнувањето дошло кога заедно со 38 годишен роднина од Скопје почнале да пливаат.  

Скопјанецот влегол во езерото да се разлади и почнал да плива кон спротивниот брег.Кога веќе допливал до брегот, истото се обидел да го направи и турскиот државјанин.Но, на половина пат, од засега неутврдени причини, потонал и наеднаш го снемало под површината на водата.

Била повикана полицијата по што започнала потргата.

Повикани се специјални нуркачки екипи на МВР, кои од утрово интензивно го пребаруваат  тој дел од езерото.

Полициски службеници од Ростуше утринава имале успешна потрага по двајца скопјани на 29 и 35 години. Тие ноќеска преку мобилен телефон пријавиле дека

планинарејќи по планината Бистра, со намера да се спуштат до манастирот „Свети Јован Бигорски“ , изгубиле ориентација и залутале. Цела ноќ поминале на отворено, а утринава се живи и здрави се најдени од полицајците во месноста Сенечки ливади.