Македонија
28. April 2017 - 13:28

Нухиу најави оставка, бара одговорност и од други функционери во МВР

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го осуди синоќешните настани во обранието на РМ и истакна дека дел од структурите на МВР не си ја завршиле работата за што ќе мора да сносат одговорност. 

Посебно посочи на директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков кој раководел со Оперативниот штаб на МВР. Нухиу рече дека од морални причини ќе се повлече од функцијата и дообјасни дека тоа ќе го побара од лидерот на неговата партија и ќе создаде услови за мирен трансфер на власта. Тој на прес-конференцијата во МВР го честиташе, како што наведе, изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.