Балкан
20. September 2017 - 9:42

„Новости“: САД го туркаат Косово во Интерпол

САД со сета сила се обидува Косово да стане најновата членка на Интерпол, чие Генерално собрание почнува на 26 септември, објави денеска српскиот весник „Вечерње новости“.

Домаќин на овогодинешниот собир е Кина, а во Пекинг, аргументите на Блеград против приемот на Косово во Интерпол ќе ги брани српска делегација, предводена од потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

- Не очекува многу тешка дипломатска задача, но уверени сме дека со силата на нашите аргументи ќе ја спречиме намерата на Приштина и неговите сојузници за така наречената држава Косово да стане полноправна членка на Интерпол, потенцираше Стефановиќ.

Генералното собрание на Интерпол се одржува од 26 до 29 септември.