Живот
12. July 2016 - 9:33

Новопечени родители доживеаа хорор - поставиле камера и виделе морничава работа

Корисник на форумот Редит под името  ‘scottymac23′ сподели со своите пријатели морничава фотографија. Меѓутоа, приказната за неа ќе ви ја заледи крвта во вените. 

Имено, тој неодамна станал татко и како и сите новопечени родители така и овој пар во собата на бебето има камера. 

- Една вечер мојата жена слушнала дека од мониторот доаѓа морничаво шушкање. Некој глас ја викаше по име: Наааа-таааа-шаааа и тоа повеќе пати, раскажува овој  човек.