Македонија
8. January 2016 - 21:49

Новогодишни пакетчиња за Македончињата во село Требиште, Голо Брдо

Македончињата кои посетуваат курс по македонски јазик, во селото Требиште, област Голо Брдо, биле пријатно изненадени кога деновиве ги посетиле претставници на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот на друштвото за областа Голо Брдо.

Тие на децата им доделиле новогодишни пакетчиња, обезбедени од друштвото. 

- Македонско друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо се залагаат за зачувањето на македонскиот јазик, македонската култура, традиција и обичаи во областа Голо Брдо. Како резлултат на залагањата на друштвото, таму курс по мајчин македонски јазик, посетуваат деца од 7 до 14 годишна возраст, два пати седмично, стои во веста што ја пренесува електронското издание на македонски јазик „Илинден“.

Наставата, како што се е наведено во веста, ја одржува Спиро Марку, учител од село Врница, едно од 22-те села од оваа област.