Македонија
21. December 2015 - 17:43

Новогодишни честитки со детски илустрации за опасноста од аерозагадувањето

Детската популација  е  на јчувствителна   и најзагрозена од аерозагадувањето, поради тоа што сеуште нема доволно развиен  имунитет.

За да се подигне свеста кај популацијата  Институтот за јавно здравје  и невладината Еко-свест,  подготвија 300 новогодишни честитки  до функционерите ,градоначалниците, и потенцијалните аерозагадувачи.

Честитките се илустрирани од  трите најдобри цртежи од  учениците  од неколку основни училишта, кои цртаа на тема  ,, Да ја подигнеме свеста  кај  јавноста за последиците  од аерозагаденоста,, !