Македонија
15. December 2016 - 8:52

Новогодишен концерт на градски дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар вечер во Денсинг салата на МКЦ ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.

На репертоарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон, Елингтон...

Концертот ќе трае околу еден час, а влезот е слободен.