Ракомет
26. August 2017 - 12:09

Ново полуфинале Вардар - Барселона

Европскиот ракометен шампион Вардар попладнево во полуфиналето ќе ги одмери силите со Барселона во рамките на Супер Глоуб турнирот што се смета како неофицијално светско клупско првенство. Ова воедно ќе биде прв натпревар на двата тима по полуфиналето во Келн од Лигата на шампионите кое Вардар успеа да го добие со 26:25. Почетокот на натпреварот е во 16 часот по македонско време.
Во второто полуфинале (почеток 18 часот) ќе играат домаќинот на турнирот Ал Сад од Катар и германската екипа Берлин, кое воедно ја брани титулата.
Како предигра на полуфиналните дуели се натпреварите за пласман од 5-8.место: Нафт Гашаран - Есперансе и Сиднеј - Пињеирос.