-->
-->
Ново финале за Ѓоковиќ на Индијан Велс
-->
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога пред мечот со Шпанецот Рафаел Надал, и повторно го победи долгогодишниот ривал со 7:6(5)/6:2 со што обезбеди финале против Милош Раониќ од Канада.
„Денеска првиот сет беше одлучен за само еден или два поени. И вториот сет беше доста тесен иако не изгледаше така. Ова беше голем предизвик, да се игра со еден од најдобрите на светот“, изјави Ѓоковиќ.
Србинот сега има 21-1 скор оваа сезона и ќе игра со Канаѓанецот Милош Раонич, кој со 6:3/3:6/6:3 го победи Белгиецот Давид Гофан. Женското финале исто така е во недела и во него Серена Вилијамс ќе ја брка првата титула во Калифорнија од 2001 против поранешната шампионка, Белорусинката Викторија Азаренка.
Ѓоковиќ и Надал сега имаат неверојатни 68 меѓусебни меча и Србинот има 25-23 скор, но и 10 победи во последните 11 меча. Надал, кој ќе наполни 30 години во јуни, е трикратен шамоион од турнирот во пустината, со титули во 2007, 2009 и 2013. Тој беше задоволен од својата игра.
„Денеска беше поблиску отколку последните неколку пати против најдобриот играч на светот. Ова беше позитивна недела за мене“, вели Надал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација