Македонија
29. May 2017 - 19:46

Новиот тарифник за сметководствени услуги не е на штета на малите фирми

Новиот тарифник за сметководители нема да биде на штета на малите бизниси. Занаетчиите, малите адвокатски канцеларии нотарите кои за разлика до големите комапнии имаат полами годишни  профити ќе можат да ги платата трошоците за направените услуги, сметаат до институтот за овластени сметководители.  Паралелно ценовникот ќе им помогне  на сметководителите да ги  покријат трошоци, а ќе се зголеми и квалитетото на нивните услуги.

Од институтот сметаат дека  тарифникот треба да биде ист и во Скопје и во другите градови, затоа што висината на даноците и трошоците за комуналните услуги се секаде исти. 

Ова е прв пат да се донесе тарифник по кои ќе треба да работат сметководителите. Од институто велат ако има потреба од корекции тие ќе бидат направени. Ќе продолжат и со воведување на  низа реформи со кои значително ќе се зголеми контролата врз работата на сметковидтелите.

- Според новиот тарифник најниската цена за сметководствена услуга е 2.000 денари, а највисоката 60 илјади денари. Ценовникот ќе стапи на сила од први јули.