Бизнис
24. February 2018 - 17:04

Новиот синдикат на рударите од ,,Саса‘‘ бара компанијата да сподели 20% од добивката

Повисоки плати   стопроцентна заштита  во работата, регулирање на колективните договори и бенефицираниот стаж  бараат рударите од САСА.  Од новоформираниот рударски синдикат на рудникот од   Македонска Каменица кои функционираат во рамки на МЕСО, сметаат дека компанијата  има капацитет 20 отсто од својата вкупна добивка да ја дели за плати на вработените. Велат дошле до Скопје да ја кажат својата мака, за тоа колку се мали нивните примања а работат ризична професија.  

Вработените бараат и целосна  заштита на работното место , да имаат еден час пауза меѓу смената рудари кои влегуиваат и оние кои излегуваат од руднико.

Во моментов нивните примања се до 26 илјади денари. Велат на времето рударството повеќе се ценело, а платите на рударите биле далеку повисоки од оние сега.

Во понеделник  барањата ќе ги достават и до менаџментот на компанијата.

Во рудникот САСА работата близу 700 рудари.