Балкан
5. December 2016 - 22:57

Новиот портпарол на ИД и се закани на Турција

Новиот портпарол на групата Исламска држава (ИД), Аби ел Хасан ел Махаџер денеска се закани со напади врз турските амбасади ширум светот и апелираше до приврзаниците од ирачкиот град Тал Афар во близина на Мосул, да не бегаат пред офанзивата на ирачките сили.

- Уништете им ги возилата, напаѓајте ги... во нивните засолништа за да можат да почувствуваат мал дел од вашето страдање и немојте да бегате, истакна Махаџер во аудио-пораката емитувана на интернет.

Тој додаде дека на мета на приврзаниците на ИД ќе се најде и „секуларната, отпадничка турска Влада во секоја област - и воена и економска и медиумска - па дури и секоја амбасада и конзулат“.

Со емитување на снимката ИД првпат го претставува новиот портпарол.