Македонија
29. May 2017 - 16:43

Новиот објект на ПУИК во завршна фаза

Од стари и руинирани бараки до крајот на годината вработените во државното станбено претпријатие  ќе се сместат во нов објект.  Инвестицијата е вредна 8 милиони евра а зградата е на површина од 7200 квадрати. Освен административниот простор за вработените, ќе има и деловен простор за издавање.  Увид во изградбата денеска изврши лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Директорот на јавното претпријатие информираше дека досега државата преку нив има доделено 1100 социјални станови. Веќе 4 години се доделуваат и станови за лицата без родители.

Претпријатието досега има изградено 3 катни гаражи во Скопје, а до ноември се очекува да почне и изградбата на катна гаража во центарот на Охрид.

Груевски информираше дека еден од успешните проекти е изградбата на мали хидроелектрани со значаен придонес во производството на ел. Енергија. Досега се изградени 63, а се градат 17. Во нив се вработени околу 100 лица.