-->
-->
Новиот дом на Анџелина Џоли
-->
По разводот со Бред Пит, Анџелина Џоли веќе има нов дом. Една од најозборуваните холивудски глумици си купила куќа во Лос Анџелес, којашто му припаѓала на познатиот режисер Сесил Демил.
Нејзини соседи ќе бидат Натали Портман, Кристен Стјуарт и Кејси Афлек.
Куќата има површина од нешто повеќе од 1.000 квадратни метри и е лоцирана во Лафлин Парк, кварт во Градот на Ангелите познат по тоа што таму живеат многу од славните личности. Има широка дневна соба со камин, шест спални, 10 бањи и поглед кон Тихиот Океан.
Демил живеел тука од 1916 година, па се до смртта во 1959.
Цената на куќата изнесувала 24,95 милиони долари, а Џоли ја купила за приближна цена, соопштија од агенцијата „Хилтон енд Хајленд“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење