Македонија
20. November 2017 - 17:17

Новинарските здруженија бараат укинување на казните за новинари и медиумите

Да се укинат казните за новинарите и медиумите побараа медиумските работници за време на јавната дискусија по повод предлог-измените на Законот за медиуми организирана од Владата. Според планот на Министерството за информатичко општество дебатата и предлозите од засегнатите страни треба да се достават до крајот на месецот за да се изработи конечната верзија на законот за медиуми, како една од обврските од Пржинскиот догвоор, но и 3-6-9 планот по кој не оценува Брисел.

Телевизиите и авторите пак бараат да се укинат задолжителните квоти за македонската продукција и музика во програмата на радијата и телевизиите, но и проблемот со авторските права.

Квотите за македонска музика пак, ги бараат од авторите на музиката. Експертската јавност бараше да се преиспита финансирањето на МРТ од 0,7 отсто од буџетот.

Од владата велат дека тоа засега е единствено можно решение.

Се уште жешки теми се и критериумите за член во Советот на МРТ или пак Агенцијата за медиуми, како и регулацијата на интернет порталите.