Новинарка мртва, 3 уапсени, по информациите дека Турција вооружува сириски терористи
Последната новинарка што работеше на слично истражување, Серена Шим на Прес ТВ, загина под сè уште неразјаснети и сомнителни околности.
Шим известуваше за наводните пратки оружје на североистокот на Сирија, што го привлече вниманието на турските разузнавачки (МИТ) кои се распрашувале за нејзините престојувалишта поради сомнежи дека се занимава со шпионажа. Новинарката јавно изрази загриженост поради надзорот.
Новинарката наводно имала видеоснимки што докажуваат дека во пратките со хуманитарна помош се крие оружје, но доказите не биле најдени по нејзината смрт. Турските власти не ги вратиле нејзиниот пасош и венчалниот прстен на нејзиното семејство.
Шим и снимателката Џуди Ајриш загинаа во директен судир со камион минатиот октомври, откако со автомобилот „скршнале на спротивната страна на коловозот на патот за пристап до автопатот“. Од тогашните извештаи не е јасно дали тие загинале на лице место на несреќата или подоцна во две различни болници меѓусебно оддалечени 40-тина километри. Истрагата не ја спровела полицијата, туку турската војска.
Една недела откако Чан Дундар, извршниот директор на турскиот весник Џумхуриет доби награда за слобода на печатот, тој и уште еден уредник на весникот се уапсени и затворени поради шпионажа откако објавиле спорен извештај кој разоткрива дека турски разузнавачи со оружје снабдуваат екстремистички бунтовници во Сирија
„Ние сме уапсени“, објави минатиот четврток Дундар на Твитер. „Не грижете се, тоа за нас е како орден на честа“.
„Ние сме обвинети за „шпионажа“. Претседателот вика „предавство“. Ние сме предавници, шпиони или херои; ние сме новинари. Ова што овде го направивме е чин на новинарство“, објасни Дундар пред минатонеделното сведочење.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок