Нови закани кон еврејски центри во САД
Единаесет еврејски центри во САД вчера добија бомбашки закани и беа евакуирани, соопштија еврејските организации и полициски претставници.
Сите закани, инаку испратени телефонски, се покажале како лажни.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Министерството за правда започнаа истрага, а Кабинетот на претседателот Доналд Трамп ги осуди ваквите закани.
- 3а омразата или какво било насилство поттикнато од омраза, нема место во една земја, заснована врз гарантирана лична слобода. Претседателот јасно стави на знаење дека ваквите активности се неприфатливи, изјави висок претставник на Администрацијата.
- САД се нација, основана врз принципот на религиозна толеранција. Треба да ги штитиме нашите места за богослужба и религиозните центри, напиша на Твитер ќерката на Трамп, Иванка, која го има прифатено јудаизмот како своја религија.
Од јануарим па досега вкупно се испратени 69 дојави за поставени бомби во еврејски центри во 27 американски сојузни држави и во една канадска провинција, соопшти Асоцијацијата на еврејските заедници во Северна Америка.
Ново на Сител
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората