Македонија
8. March 2016 - 17:56

Нови улични табли, патокази и броеви во Гевгелија

Општина Гевгелија денеска почна постапка за набавка на нови информативни улични табли, патокази и улични броеви.

Потребата, како што велат од општината, се наметнала откако на неименуваните улици општинскиот Совет им изгласа имиња, а објектите на тие улици треба да се нумерираат.

- Голем број улици добија имиња, а паралелно со тоа и броеви.Тие секојдневно се утврдуваат па од тука се наметна и потребата за набавка на нови табли и броеви. За реализација на целта отворивме тендерска постапка за идејно решение и набавка на уличните табли, велат од Одделението за урбанизам на општина Гевгелија.

Од општината сметаат дека новите информативни табли и броеви на новоименованите улици во градот значително ќе ја подобрат информираноста на граѓаните и правните лица