Македонија
11. November 2016 - 16:23

Нови турбуленици, јавен револт и несогласувања во опозициските редови

Нови турбуленици, јавен револт и несогласувања во опозициските редови. Голем дел високи функционери и истакнати членови на СДСМ вчера останале шокирани од одлуката на лидерот на партијата, Зоран Заев, самоиницијативно без консултација на партиските тела да го покани во коалицијата Драгиша Милетиќ, на кој во СДСМ се гледа како предавник на отпорот во 2013, откако со Стевчо Јакимовски излегоа сами на локаните избори и практично го срушија тогашниот концепт на бојкот.

Откако синоќа на фејсбук, претседателот на ЛДП објави фотографии од состанокот на коалиционите партнери на Бихаќка, почнаа и жестоките реакции на партиските членови со констатации дека Заев ја приватизира партијата, носејќи одлуки без консултации со никого. Меѓу оние кои јавно се оградија од Заев се и Весна Бендевска, Ана Данева, Дејан Тодоровски, Ленче Никовска.., а некои заговараа активирање на СЈО....

Коалицирањето со Милетиќ беше само еден од низата потреси во опозицијата оваа недела. Почнувајќи од листите, па се до најавите за редефинирање на уставниот систем на Македонија, преку промена на Уставот и цврстиот став на Заев за воведување двојазичност на целата територија на Македонија.

Во овие ставови на опозицијата, граѓените препознаваат уште една во низата навреди кон нив.

Политичките анлаитичари веќе оценија дека отворањето на Уставот за прашања кои задираат во етничките права е опасна политичка реторика, која може да предизвика нови кризи во Македонија.