Свет
15. April 2016 - 9:01

Нови судири меѓу демонстранти и полицијата во повеќе француски градови

Во текот на изминатата ноќ имаше нови судири во Париз и во повеќе француски градови меѓу полицијата и демонстранти против реформата на трудовото право во Франција.

Уапсени се над 20 лица.

Стотици млади демонстранти кршеа излози на продавници, автобуски станици и банкомати.

На Плоштадот на Републиката во Париз демонстрантите фрлаа по полицајците со столици и шишиња. Силите на редот одговорија со солзавец.

Во протетсите има четворица повредени демонстранти.