Бизнис
24. December 2016 - 16:30

Нови субвенции за земјоделците и мерки за заштита на животната средина во новата година

Повеќе мерки и прокети стартуваат од почетокот на 2017 година. Во фокусот се земјоделците и заштитата на животната средина.

Од новите мерки за земјоделците најкрупни се поддршката за воведување системи капка по капка и набавка на високоприносен добиток.

Според најавите, земјоделците кои ќе се одлучат да инветсираат во систем за наводнување капка по капка од државата ќе добија поддршка во висина од 80% од инвесицијата. Со воведување на ваков систем се очекува зголемено и поквалитетно производтсво кое ќе биде поконкурентно на странските пазри.

Исто толкава поддршка од 80% од инветсицијата ќе добијат и земјоделците кои ќе набавак високоприносемн добиток. Целта на мерката е обновување на стадата и поголеми приноси од нив што ќче значи и поголема заработувачка за земјоделците.

Од идната година треб ада стартува уште една реформа која ги засега земјоделците. Ќе почне работата на така наречените земјоделски советници.  Тие ќе функционираат по принципот на матичните лекари, и ќе добиваат капитација, значи, колку земјоделци ќе се запишат толку пари ќе земаат. Избраниот земјоделски советник ќе мора три до четири пати годишно задолжително да го посети земјоделецот, да ги согледа состојбите, да советува, да ги реши проблемите. Вакви советници функционираат во змејоте со највисоко развиено змејоделство.

Од 2017 ќе стратуваат и повеќе мерки чија цел е намалување на аерозагадувањето.

Државата ќе го субвенционира греењето на пелети. Сите кои ќе одлучлат старите печки да ги заменат со нови на пелети ќе добијат субвенција од 70% од цената што ќе ја платата или максимум 30.000 денари, а ќе се намали и ДДВ за печки и пелети од 18 на 5%.

Поволности ќе има и за возачите. Со иста цел, помало загадување, државата ќе поттикне купување незагадувачки електрични автомобили кои имаат нула загадување за кои нема да се плаќа царина и акциза, а данокот од 18 ќе се намали на 5%. Субвенцијата за купување вакво возило ќе изнеусва од 3.500 до 5000 евра. Овие возила нема да плаќаат патарина, регистрација и паркинг.

Субвенции ќе има и за оние кои ќе вградат плински систем во автомобилите. Та аќе изнеусва 300 евра за набавка на плински уред, а ќе се однесува само на возилата произведени до почетокот на 2006-та година.