Македонија
27. May 2017 - 17:52

Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Факултетот за туризам и угостителство од следната академска година со две студиски програми за туризам и царина и шпедиција на англиски јазик. Оваа одлука е донесена како резултат на зголемениот број на странски студенти кои се школуваат во оваа образовна институција,покрај македонските има студенти од Албанија ,Србија Косово па дури и од Малезија.

Предност на факултетот според деканот Андреески е тоа што студиските програми се од областа на услужниот сектор а токму според анализите има дрстично зголемување на бројот на вработувањата во овој сектор. Преку практичната работа, дел од студентите ја пронаоѓаат можноста за сезонско или трајно вработување .

Годишно на факултетот за туризам и угостителство каде има шест студиски прогами се запишуваат 300 студенти а дипломираат околу 150 .