Македонија
18. February 2018 - 20:43

Нови спортски терени за зголемување на понудата за спортски туризам во Охрид

Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам .Во текот на зимскиот период екипи од земјава и околните држави поради поволната клима  своите тренинзи ги одржуваат токму тука.Од ЈП Биљанини Извори најавија изградба и на дополнителни терени со кои ќе се зголеми понудата а воедно и ќе се продолжи сезоната во главниот туристички центар.

Спортистите покрај што доаѓаат на кратки кондициони подготовки тие одигруваат и по неколку натпревари .

Градоначалникот Стојаноски најави дека охридските спортски клубови годинава ќе добијат финансиска поддршка од Локалната самоуправа.

Инаку рекреативниот центар „Билјанини Извори“располага со отворени и затворени спортски објекти,тениско и фудбалско игралиште ,отворен базен  и опрема наменета за различни спортски активности.