Балкан
20. April 2016 - 15:00

Нови сознанија од истрагата: Пронајдени траги од удари на рацете на Јелена

Според најновите сознанија од истрага односно од обдукцијата на телото на Јелена констатирани се неколку повреди на рацете кои се последица од удар со тврд предмет.
 
Критичниот ден, кај каналот, Јелена Марјановиќ успеала со раце да спречи неколку удари. 
 
Под ноктите нема ДНК траги на друга личност што укажува на тоа дека таа не го изгребала убиецот.