Нови шест жртви во поплавите во Баварија
Спасувачките тимови трагаат по најмалку три исчезнати лица во германската покраина Баварија, која е погодени од поплави, само неколку часа откако локалните власти ја потврдија веста за шестмина загинати.
Како што јави ДПА, во текот на вчерашниот ден се пронајдени шест безживотни тела - 3 жени, сите од исто семејство, потоа двајца мажи од местото Симбах Ам Ин на возраст од 65 и 75 години и една 85-годишна жена.
Според локалните власти, проценките на штетите во јужнобаварските области близу границата со Австрија стигнуваат и до неколку стотици милиони евра.
- Денеска најважно е погодените области да се снабдат со неопходните залихи на питка вода и да се расчисти патната мрежа, изјави претставничка на локалната власт во Ротал Ин.
Метеоролог од германскиот сервис за атмосферски појави ДВД, пак, рече дека денеска дождовите во тие региони ќе продолжат со намален интензитет, но и дека се очекуваат нови во други области во Германија.
Ново на Сител
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи