Македонија
26. October 2016 - 10:21

Нови промени на времето - Временска за цела недела

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата.
 
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од  15 до 21 степени.
 
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд.
 
Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.
 
Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.