Македонија
9. February 2017 - 18:03

Нови промени - Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со појава на слаба магла по одделни котлини и по речните долини, а на некои повисоки места и на планините ќе има сончеви периоди. Локално се уште е можно слабо проврнување на дожд особено во јужните и во западните делови на земјава, а на планините ќе има слабо провејување на снег. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од пет до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до девет степени.  

До крајот на неделава времето ќе биде стабилно и суво со благо опаѓање на температурата. Од почетокот на наредната недела ќе има покачување на дневната температура, а утринската ќе биде во опаѓање.