Македонија
1. December 2016 - 18:02

Нови промени - Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во западните делови ќе дува и умерен до засилен ветер од западен правец, а долж Повардарието слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус еден, а дневната од три до 12 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до девет степени.

И во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Максималните температури ќе бидат без значителни промени.