Македонија
17. December 2017 - 16:21

Нови проблеми со агресивните кучиња во Охрид

Проблемите со агресивните кучиња не стивнуваат секојдневно сме сведоци на граѓани кои биле нападнати или каснати од куче а има и  такви каков што беше примерот во Центар Жупа и случајот со детето во Кичево кои завршија фатално.

Добрите познавачи велат дека со  измени во постоечкиот закон за заштита и благосостојба на животните во кој не е прецизирано дали кучето што се шета на јавно место без заштитна маска е мирољубиво или не што претствува дополнителен проблем за сопствениците ,полицијата и судовите и отварање на мини стационари во општините со шинтерска служба драстично ќе се намали бројот на агресивните кучиња по улиците и кучешките напади.

Вчера куче нападна дете а деновиве на повеќе локации во стариот дел на градот имаше масовно труење на кучиња.

Професионалниот дресер Стојаноски смета дека со заштита на луѓето од кучешки напади ќе се заштитат и кучињата од масовни труења и убивања додавајќи дека  главна причина за нападите е неправилнот чување и дресирање.

Предлозите од програмата за заштита на луѓето од кучешки напади ќе бидат доставени до владата и локалните самоуправи за решавање на овој проблем.