-->
-->
Нови обвиненија за Здравко Мамиќ
-->
Здравко Мамиќ, советник во фудбалскиот клуб Динамо Загреб, се наоѓа во сериозен проблем бидејќи против него е покренато ново обвинение за извлекување пари од сметката на клубот.
Покрај него, обвинети се уште шест лица, меѓу нив се неговиот брат Зоран, како и извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Дамир Врбановиќ. Тие се обвинети за злосторничко здружување и злоупотреба на службената должност.
Обвинението го покрена Судот во Осиек, а во него пишува дека Зоран Мамиќ и останатите обвинети извлекувале пари преку фирми кои биле основани во Швајцарија, Велика Британија и малата карипска држава Сент Винссент и Грендин, Белизе, Хонг Конг и Обединетите Арапски Емирати.
На сметките на тие фирми неосновано „легнале“ 18.825.686 евра, 500.000 фунти и 200.000 американски долари.
Динамо исто така бил обврзан да исплати уште 7.350.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто