Кошарка
29. April 2016 - 15:26

Нови натпревари од плејоф во македонското кошаркарско првенство

 
 
Во кошаркарскиот шампионат на Македонија денеска ќе се играат вторите натпревари од плејофот, односно четвртфиналната рунда. 
 
Во салата „Градски парк’’ во Скопје, екипата на Работнички откако направи „брејк’’ во Куманово и ја анулира стартната негатива, вечерва ќе има можност да дојде и до предност од 2-1 во победи во серијата подобар до три. 
 
Шанса пак за пласман во полуфиналето има кавадаречки Фени Индустри тим кој во дуелот со Кожув, на кого му гостува вечерва во Гевгелија, има водство од 2-0 во победи. 
 
Со евентуален триумф Фени Индустри ќе се пласира во полуфиналето каде за противник ќе го има актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
 
Двата натпревари, во Скопје и Гевгелија ќе започнат од 19 часот.