Нови фрески во црквата „Св.Димитрија“ во Зрновци
Со одлука на Црковниот одбор на Зрновската парохија, како и со финансиска подршка на голем број верници, во село Зрновци во тек е фрескоживописувањето на црквата „Свети Димитрија“. Овој црковен храм е еден од најстарите обележја на христијанството во овој крај под Плачковица, граден во средината на 19 век.
- Со подршка на општината, но и на верниците од Зрновци во изминатите неколку години успеавме да ја завршиме целосната реконструкција на црквата која на места беше напукната од свлечиштето на теренот каде што е изградена. По живописувањето на двете нови цркви во селата Мородвис и Видовиште, решивме и во останатите делови од оваа црква каде што нема фрески, истите да ги насликаме, изјави Лазар Коцев, свештеник во црквата.
Инаку, црквата „Св.Димитрија“ располага со мошне богат фонд на икони создадени кон крајот на 19 век од засега непознат автор. Ги има вкупно 65 кои се ставени под заштита на државата. Во црковната библиотека има голем број книги на црковно-словенски јазик кои датираат од 1833 до 1900 година, зад чии корици тогашните свештеници ја запишувале историјата на зрновскиот крај и пошироко.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари