Тенис
12. November 2015 - 16:29

Нови две победи за Ѓорческа

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа „врза“ уште две нови победи на фјучрс турнирот во Анталија. Таа денеска во 2.коло ја победи Украинаката Алона Фомина со 2:1 во сетови (6-0; 4-6; 6-0). Утре во четвртфиналето Ѓорческа која е прва носителка на тунрирот ќе игра против Анастасија Вдовенко од Моладивија (6.носителка). На трите досегашни меча Ѓорческа има три победи.

Во конкуренција на двојки во четвртфиналето Ѓорческа со Ива Приморац од Хрватска ги победија Ли и Сун од Кина со 2:0 во сетови (6-3 и 6-4). Утре во полуфиналето ќе играат Ирина Фолц (Узбекистан) и Александра Поспелова (Русија).