Македонија
23. February 2017 - 16:11

Нови детали за убиството во Охрид: Сосетката ја онесвестил со водоводна цевка па ја заклал

30 дена притвор во казнено поправаната установа во Скопје и кривична пријава заработи 37 годишниот кумановец Јосип Кузманоски за убиството на 67 годишната Спаса Бојоска од Охрид.

На 20 овој месец во 11 часот и 45 минути откако претходно се осигурал дека таа е сама во станот  земал една водоводна цевка ставил бели хируршки нараквици на рацете и заѕвонил на станот од неговата сосетка.

Објаснувајќи и дека сака да го погледне распоредот на станот, таа му дозволила да влезе незабележувајќи дека има нараквици и цевка,  од ходникот на станот се упатила према дневната соба.

Тогаш, Јосип од зад грб, со водоводната цевка и задал неколку силни удари во пределот на главата и вратот по што таа паднала на подот.  Веднаш потоа,  започнал да  пребарува низ собите, пронашол и одзел еден мобилен телефон и паричник со 3.200 денари. 

Пред да го напушти станот, забележувајќи знаци на живот кај сосетката и плашејќи се дека ќе биде кажан и откриен, се вратил во кујната и пронашол нож со должина од околу 30 сантиметри со кој и задал неколку удари во пределот на вратот.

Насилникот откако ја усмртил 67 годишната Спаса Бојоска го напуштил станот ја заклучил влезната врата и се упатил во казино.