Балкан
13. August 2015 - 15:45

Нови детали за убиството на Томислав Салопек - Киднаперите се јавиле 2 пати, еве што побарале

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ денес на вонредна прес конференција соопшти детали за киднапирањето на Томислав Салопек од страна на Исламската држава.
 
-Томислав Салопек е градежен техничар кој работи за фрадежна компанија во Египет. Киднапиран е на 22 јули, а осум дена подоцна за него е побаран откуп. Со неговите грабнувачи немаше никаков контакт се до 5август кога е снимен во поза карактеристична за ИД, вели Пусиќ.
 
шефицата на хрватската дипломатија истакнала дека е заклучено дека барањето од видеата за ослободување на муслиманските жени е неспецифичен и како нема специфично барање.
 
-Во овој момент се уште не сме сигурни дека личноста на фотографијата е Салопек. Немаме дефинитивна потврда, ниту од наша, ниту од египетска страна, додава министерката. Исто така тие првиот пат побарале откуп.
 
Сопругата на Томислав и неговиот татко се уште веруваат дека тој е жив.