Џет-Сет
22. February 2018 - 12:57

Нови детали за разводот на Џенифер и Џастин, сепак е вмешан и Бред

Откако Џенифер Анистон објави дека се разведува од Џастин Теру, во медиумите се појавија разни информации кои им беа дадени од блиски пријатели на познатата двојка.
 
За само неколку дена, странските медиуми напишаа разни приказни за животот и Џенифер Анистон и Џастин Теру. Некои тврдеа дека парот имал проблем со местото на живеење, но исто така и дека на Џенифет и сметала екстремната блискост на Џастин и Наоми Вотс.
 
Според најновите информации од списанието Us Weekly, нивниот брак дополнително се влошува, бидејќи Теру ја нашол романтичната порака што Бред Пит ја напишал на Џенифер пред околу десет години, што таа никогаш не ја фрлила.
 
Иако Џенифер му објаснила дека нема ништо лошо во тоа, поради љубовната порака, Џастин се чувствувал многу несигурно и тоа чувство не можело да се реши.