Македонија
15. October 2017 - 23:07

Нови детали за инцидентот: Насилници од СДСМ со ножеви упаднале во централниот штаб на ГРОМ во Карпош

Активисти на СДСМ вечерва пробале насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ кој се наоѓа на улицата Рузвелтова во скопски Карпош.

Насилниците со тупаници и шамари физички  го нападнале и кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски. Според информациитедо кои стигна Република, биле употребени и ножеви и лисици.

Јакимовски претходно јавно го призна поразот во Карпош и му ја честиташе победата на против кандидатот Богоев од СДСМ.

Во моментов пред штабот на ГРОМ врие од полиција.