Бизнис
5. December 2016 - 20:03

Нови четири стартапи ќе добијат по 30 илјади евра за развивање на иновации

Вкупно 4 стартап  компании ќе добијат средства  да ги реализираат своите иновативни идеи. На третиот повик на Фондот за иновации, од вкупно 52 апликации само 19 поминале во фазата на претселекција, иако беше најавено дека ќе се финансираат 15 фирми. Комитетот составен од меѓународни експерти одлучил дека овие апликации се најквалитетни и ќе бидат финансирани со по 30 000 евра.

Компаниите добитници на средствата се од машинската индустрија, електроинжинерството, ИТ индустријата и од туризмот.

Во досегашните два повици беа финансирани вкупно 33 иновативни фирми.

До крајот на јануари се очекува да биде објавен следниот повик на Фондот.