Кошарка
14. October 2017 - 14:37

Нови четири средби од 2.коло во Првата кошаркарска лига

 
 
 
 
 
 Со четири средби кои ќе се одиграат денеска продолжуваат натпреварите во Првата македонска кошаркарска лига. 
 
Денешната програма ќе ја отворат Карпош Соколи и Струмица со средбата која ќе започна од 15 часот, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“. 
 
Екипата на Гостивар која на некој начин е повратник во Првата лига,. за прв пат сезонава ќе игра пред домашната публика и тоа против составот на Кожув. Овој меч ќе започне од 18 часот, термин во кој ќе стартува и дуелот меѓу АВ Охрид и Куманово. 
 
Гевгелиската екипа Блокотеха која најави дека претендира за највисок пласман во новата сезона, веќе оствари една победа, а попладнево од 18.30 часот ќе има можност и за втора бидејќи ја има улогата на фаворит во дуелот против Пелистер. 
 
Според реномето и успесите во минатото, дербито на колото ќе се игра во салата „Градски парк“ во Скопје, каде Работнички го пречекува Фени Индустри во дуелот кој ќе започне од 19 часот. 
 
Поради настап во регионалната АБА лига, шампионот МЗТ Скопје Аеродром својот мечот од ова коло против дебитантот Шкупи ќе го игра во среда (18 октомври).