Македонија
3. April 2017 - 10:40

Нови 200 дрвца во општина Ѓорче Петров

Екипите на општина Ѓорче Петров на повеќе локации ќе засадат над 200 дрвца за подобрување на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина. 

Досега, како што информира општина Ѓорче Петров, на празниот простор спроти новата полициска и противпожарна зграда засадени се 50 листопадни растенија. 

- Со новата акција за раззеленување во општината зафатени се делови од Реонскиот парк, паркингот спроти зеленото пазарче и дел од главната општинска сообраќајница, улицата „Ѓорче Петров“ на потегот од општинската зграда кон Сарај, соопшти општина Ѓорче Петров