-->
-->
Нови 20 унгарски полицајци на српско-бугарската граница
-->
Нов контингент од 20 унгарски полицајци денеска е испратен на српско-бугарската граница за да им помогне на српските колеги во патролирањето на српско-бугарската граница со цел да се спречат илегални преминувања.
- Вообичаено е денес централноевропските и балканските држави да соработуваат во патролирањето долж балканската рута, изјави директорот на унгарската полиција Карољ Пап.
Тој додаде дека Унгарија од 2015 година им помагала на Србија, Словенија, Македонија, Бугарија и Грција.
Во првите 10 месеци од годината во Унгарија се обиделе да влезат 18.028 илегални мигранти, а 97 проценти од нив преку српско-унгарската граница.
Во изминатите три дена унгарската армија и полиција спречиле 393 илегални преминувања на српско-унгарската граница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море