Македонија
14. December 2015 - 16:33

Нови 150 дрвца засадени на УКИМ

Нови 150 садници започнаа да  садат студентите, професорите и деканите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ во кампусот на Ректоратот во близина на местото каде треба да се градат новите факултети.

Студентите и професорите  се едногласни дека се неопходни  нови  современи простории со  модерна  опрема  и  соодветни услови  за работа.

Со изградбата на новите објекти  ќе се решат долгогодишните проблеми  и на студентите и  на вработените на факултетите.

Студентите засадија  нови  дрвја,   заедно со помош на механизацијата и вработените   од “Македонски шуми“.

Студентскиот пленум и Младинската организација Мугра од утрово го блокираа Ректоратот на Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј“, во знак на револт  против изградбата на двете барокни згради во Кампусот, и побараа оставка од ректорот Велимир Стојковски. Протестот беше со исклучително ниска посетеност од не повеќе од 15 студенти.

Теренот  на кој ќе се градат новите згради започна да се расчистува, и наскоро ќе започнат градежните работи.