Балкан
16. January 2017 - 14:23

Нови 130 мигранти на грчките острови

На грчките острови во северниот дел на Егејското Море во последните 24 часа пристигнале 130 мигранти и бегалци.

Од нив, како што јави дописникто на МИА од Атина, 102 стигнале до бреговите на Лезбос и 28 мигранати на Хиос.

Според грчката полиција, на Лезбос, Хиос и Самос денеска има 10.780 луѓе кои бараат азил и нивните барања се уште не се разгледани.