Македонија
26. August 2016 - 18:00

Новата опрема во одбраната ќе ги опфати сите ектори

Со модернизацијата македонската армија ќе биде во чекор со НАТО партнерите кои постојано инвестираат во нова опрема, смета првиот началник на ГШ на АРМ генерал Мајор Димитрија Арсовски. Според него со силна армија граѓаните ќе се чувствуваат побезбедни.

Процесот за набавка на нова опрема за армијата е при крај, ќе бидат инвестирани 300 милиони евра. Со модернизацијата ќе бидат опфатени сите сектори на АРМ. Покрај купување нова, ќе се репарира и постоечката опрема која сеуште може да се користи.