Џет-Сет
30. April 2017 - 11:06

Новак и Јелена Ѓоковиќ повторно ќе станат родители

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во август ќе добијат ќерка 

Тие не можат да ја скријат радоста што во нивниот дом по синот, ќе пристигне и едно девојче.

Имено, неодамна семејството Ѓоковиќ добило потврда од лекарот на Јелена дека таа е бремена со девојче.

Јелена и Новак се посреќни од било кога и уживаат во секој момент поминат заедно.