Тенис
25. May 2016 - 7:57

Новак Ѓоковиќ на прагот да заработи 100 милиони долари

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е на прагот да стигне ја мине границата од 100 милиони долари заработени од настап на турнирите и да стане првиот тенисер кому му успеало тоа. 
 
Во пресрет на „Френч опен’’ единствениот од четирите Гренд слем турнири на кои Ѓоковиж не успеал да триумфира, српскиот тенисер досега во кариерата има заработено 99.673.404 долари.
 
За да ја мине магичната граница, тој ќе треба да се пласира најмалну во полуфиналето, за што ќе заработи 565.000 долари, што пак за Србинот не би требало да преставува проблем, имајќи во предвид дека Новак од 2010 година наваму постојано е меѓу четирите најдобри на турнирот во Париз. 
 
Слична шанса како и Ѓоковиќ имаше и Роже Федерер кој досега има заработено 98.011.727 долари, но  Швајцарецот го откажа своето учество на „Роланд Гарос’’.
 
Прв кој од настапи на турнири во светот на спортот ја мина границата од 100 милиони долари беше американскиот голф играч Тајгер Вудс.