Џет-Сет
13. February 2017 - 9:38

Нова жена во животот на Том Круз

Актерот Том Круз (54) веќе одреден период се гледа со мистериозна жена, чиј идентитет не се соопштува во јавноста, а која ја запознал на снимање филм.

- Се уште не сака да ја открие својата врска. Го чека вистинскиот момент. Нивната врска штотуку започна и сакаат да уживаат во приватноста, изјави извор близок до глумецот.

После разводот од колешката Кејти Холмс во 2012 година, Круз немаше посебна жена во својот живот. Кејти и Том беа во брак шест години, а заедно ја имаат десетгодишната ќерка Сури.